Директорката на српската новинска агенција Танјуг Бранка Ѓукиќ вчера им соопштила на членовите на колегиумот и на претставниците на синдикатот дека на 31 октомври агенцијата официјално пресtанала да постои и дека вчера (3 ноември) е избришана од трговскиот регистар.
Танјуг има околу 180 вработени, кои, според најавите, ќе добијат отпремнини.
„Висината на отпремнините уште не е дефинирана, затоа што има различни решенија и тоа мора да се усклади.“ вели претседателот на синдикатот на Танјуг, Марко Драгишиќ.
Според некои информации, за Танјуг ќе расправа и Владата на Србија, која би можела да одлучи да се основа нова државна новинаска агенција во склоп на Владата, која би имала многу помал број вработени.
Згаснувањето на Танјуг е поврзано со процесот на приватизација на медиумите во Србија кои се останати во државна сопственост, за што беше донесен специјален закон.
Агенцијата Танјуг (Телеграфска агенција на нова Југославија) постоеше речиси точно 72 години – основана е од Комунистичката партија на Југославија на 5 ноември 1943 во босанскиот град Јајце, како официјална југословенска државна новинска агенција. Танјуг бил меѓу првите медиуми во регионот кој имал комплетно компјутеризирана редакција уште во 1985 година, а во еден период од постоењето, агенцијата имала дописници во над 80 земји од светот.