Морскиот биолог, истражувач и подводен фотограф Александар Семенов е шеф на нуркачкиот тим на биолошката станица на Московскиот државен универзитет. Заедно со колегите, Семенов често нурка во тешки услови и ги истражува некои од најнеобичните и ретко видени морски суштества.
„Мојата цел е да го истражам подводниот живот низ објективот на фотоапаратот, за да го зголемам интересот кај луѓето за морската биологија. Ги споделувам сите мои пронајдоци на социјалните мрежи и во моите предавања, изложби и медиумски настапи. Имам извонредна можност да ги гледам убавините на подводната темнина, што ми донесе одлични соработки со National Geographic, каналот Discovery BBC, Nature, фондацијата Smithsonian и многу други”, вели Семенов.
Еве ги неговите фотографии од суштествата со кои се среќава во своите истражувања. Се претпоставува дека повеќе од 80% од живиот свет во океаните допрва треба да се истражи и да се открие.