Авантуристот од Велика Британија и зависник од адреналин, Џејмс Кингстон кој претходно се движеше по тесните метални греди на стадионот Вембли, одлучи да си ја проба среќата и во Париз. Како што објаснува во своето видео, негова следна цел била Афејловата кула. Обидот лесно можел да заврши со шестчасовно испрашување во полиција и забрана за качување на кулата во следните три години, но како што вели тој, успеал да тргне уште едно место од неговата листа.
Погледнете го видеото од опасниот подвиг: