Изложбата на керамика од Младинската керамичка работилница- Кичево 2015 на која учествуваа ученици од гимназииите во Кичево и ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ Скопје, ќе биде во галеријата „Лазар Личеноски“, во четврток (12 ноември).
На изложбата ќе бидат прикажани дела со традиционални техники и модерен облик. Младинската керамичка работилница е проект на Центарот за култура „Кочо Рацин“ Кичево и „Лазар Личеноски“. Таа се одржуваше од 11-16 јуни, во грнчарската работилница на мајстор Слободан Столески во селото Вранештица, под раководство на професорот Филип Фидановски и менторство на професорите Гоце Стоилковски и Јован Наумоски.
Проектот е целосно подржан од Министерството за култура на Република Македонија. Отворањето на изложбата е најавено во 19 часот.