Американскиот фотограф и уметник Арно Рафаел Минкинен 40 години создава надреални автопортрети во кои неговото голо тело е елемент на пејзажите околу него. Она што е впечатливо за неговите фотографии е тоа што композициите се вистински, иако се направени без речиси да употреби Фотошоп.
„Некои од моите фотографии можеби изгледаат едноставно, но тие ги тестираат границите на што е способно човековото тело или до колку може да ризикува“, вели Минкинен.
Во продолжение, погледнете дел од неговите фотографии.