Црна табла покриена со чкртаници од бела креда, „нацртана“ од американскиот апстрактен уметник Cy Twombly, се продаде за рекорни 70,5 милиони долари на аукција во куќата Sotheby’s вчера вечер.
Ова парче сруши рекорд не само како предмет кој достигнал највисока цена на синоќешната аукција за современа уметност, туку и како најскапото дело продадено во Sotheby’s годинава, пишува The Independent.
Сликата на Andy Warhol од кинескиот комунистички лидер Мао Це Тунг, насликана во 1972 година, е вториот најскапо продаден предмет на аукцијата, со цена од 47,5 милиони долари.
Порано неделава Nu Couche на Amedeo Modigliani ја достигна цената од 170,4 милиони долари во аукциската куќа Christie’s, што ја направи втората најскапа слика која била некогаш продадена.