Проекција на францускиот филм „Еден“ во Кинотека

Францускиот институт во Скопје организира проекција на филмот „Еден“, во сабота, 14 ноември, во 20 часот, во Кинотека на Македонија.

Филмот е во режија на Миа Хансен-Лов, со Феликс де Живри и Полин Етјен во главните улоги. Проекцијата е во рамките на редовниот француски кино-клуб во Кинотеката на Македонија.

Реномираниот неделник Лезенрок за филмот на Хансен-Лов напиша дека „колку повеќе се навлегува во филмот, толку повеќе тој се продлабочува; колку повеќе главните ликови одат надолу, толку повеќе филмот се издигнува“.