На секои три години Јапонија приредува уникатно искуство за посетителите на најголемата уметничка галерија во светот.
Во текот на 50 дена, посетителите на Echigo-Tsumari Art Triennale можат да посетат 200 села во Ниигата, Јапонија, за да ги видат впечатливите уметнички дела на отворено, на преку 160 уметници од целиот свет. Секое од делата е направено под мотото „Луѓето се дел од природата“.
Фестивалот за првпат се одржа во 2000 година, а 15 години подоцна, директорот на фестивалот Fram Kitagawa напиша книга во која се прикажани над 800 уметнички дела, кои биле дел од фестивалот, како и есеи и совети за патување. Книгата со наслов „Art Place Japan“ ќе биде достапна онлајн од 14 ноември.