Полицаец во Маунтин Вју, Калифорнија, во близина на седиштето на Google, го запрел автономното возило откако забележал дека вози речиси 18 километри на час под најниската граница.
Возилото се движело со брзина од околу 38 километри (25 милји) на час, во област каде најниската дозволена брзина е 56 километри (35 милји) на час.
Контролата над автомобилот може да ја преземе човек, како што и бараат законите на Калифорнија. Автомобилот бил запрен од полицаецот, но не бил казнет, велат од Google.
Од полицијата на Маунтин Вју велат дека полицаецот забележале застој во сообраќајот зад автомобилот кој возел пребавно. Откако се приближил, забележал дека е прототип на Google.
„Полицаецот го запре возилото и исконтатира со операторите за да дознае повеќе за тоа како автомобилот одбира брзини на одредени патишта, и да им каже дека автомобилот не би требало да се движи толку бавно на тој пат“, изјавиле од полицијата.
Сепак, немало прекршоци и Google не заработија сообраќајна казна.
Во септември Google најави дека автомобилите ќе возат „малку поагресивно“, со цел да функционираат подобро со возачите.
Последниот прототип на Google, кој го констуираа сами место да користат модифициран Lexus SUV како порано, е ограничен на околу 40 километри (25 милји) на час.
„Сакаме да делуваат пријателски и пристапно, наместо да брзо и страшно да пресекуваат низ улиците во соседствата“, велат од Google.