Филмови, промоција на книга, предавање и журка – денеска на програмата на Cinedays

Во рамки на „Хотел Синедејс“, европскиот филмски фестивал, кој се одржува од 12 до 21 ноември во кино Милениум и Младинскиот културен центар, вечерва публиката ќе може да ужива во проекција на филмови, промоција на книга, предавање за снимање филм без буџет и за крај, хип хоп журка.

Вечерва ќе се прикажат повеќе филмови меѓу кои „Се ќе биде во ред“ на Вим Вендерс, „Програма“ за допинг скандалот на шампионот на „Тур де Франс“, Ленс Армстронг, а на репертоарот е и македонскиот документарен филм „Сложувалка“ за македонската хип хоп сцена.

Од 12 часот, во џебното кино на МКЦ се одржува предавање на тема „Сите филмови се еднакви: снимање филм без буџет (и зошто го правам тоа)“ со Вилијам Браун, а од 19 часот ќе се промовира книгата „ФИЛМ.МКД“ на Игор Анѓелков.

Книгата претставува преглед на македонскиот филм низ интервјуа со режисерите на филмовите што авторот на книгата ги направи од 2003 до 2014 година, период кога во етерот се емитуваше неговата авторска емисија, филмскиот магазин „Филмополис“.

Вечерта ќе заврши со хип хоп журка, на која музика ќе пушта DJ PREMIER.

Целиот репертоар со филмовите за денеска може да го погледнете овде.