Во рамки на тринаесеттиот Zagreb Film Festival во среда (18 ноември) ќе биде отворена изложбата „100 години Велс“, посветена на Орсон Велс и неговите посети и делувањето во хрватскиот културен круг.
Изложбата опфаќа фотографии и документација од снимањата на филмовите „Процес“, од премиерата на „Битката на Неретва“ во Сараево, средбата со Јосип Броз Тито, итн. За изложбата е издаден двојазичен каталог во кој се поместени сите интервјуа во хрватските медиуми, репродукции на домашните постери за неговите филмови и досега необјавени материјали за неговиот престој во Хрватска.
Во рамки на ретроспективата на Велс ќе бидат прикажани четири филмови – „Отело“, „Процес“, „Странецот“ и „Тајната на Никола Тесла“, како и видео-интервјуто за емисијата „3, 2, 1, …kreni!“ од 1979 година, за првпат несинхронизирано.
321 Welles trailer from Gorans way on Vimeo.
Инаку, Zagreb Film Festival официјално ќе биде затворен в сабота со доделување на наградите „Златна количка“ и премиерата на омнибусот „Загрепски приказни број 3“.