„Овие напаѓачи не ги следат верувањата на ниту една религија. Идеологијата на терористите е омразата“.
„Оној кој ќе убие невин човек, исто како да го убил целото човештво“, „твитна“ новинарот од Лондон Shehnaz Khan во петок, цитирајќи го Куранот. Khan на својата порака ги додаде и пораките #TerrorismHasNoReligion и #NotInMyName.
Веднаш после бранот терористички напади, во кој животот го изгубија повеќе од 130 луѓе во Париз минатиот петок, многу муслимани и немуслимани низ светот повторно го „оживејаа“ хаштагот #NotInMyName, да се спротивстават на Исламска држава и да покажат дека не се дел од екстремизмот кој тие го шират.
This is not Islam and these attackers do not follow the beliefs of any religion. The ideology of terrorists is hate. #paris #notinmyname
— Suhail Mohammed (@shadowwraiths) November 14, 2015
I am Muslim, and I stand against any crime/terrorist attack committed by extremists claiming to be Muslim #PrayforParis #notinmyname
— Dania Saltagi (@daniasalt) November 14, 2015
ИСИС тврдат дека се одговорни за координираните напади.
Хаштагот #NotInMyName стана популарен во септември 2014 година, кога фондацијата Active Change, организација со седиште во Лондон која се бори со насилство и екстремизам кај младите, лансираше кампања со која покажува како младите британски муслимани се спротивставуваат на ИСИС.
Изминатава недела, фондацијата повторно „твиташе“ пораки кои ги охрабруваат муслиманите да кажат дека се спротивставуваат на екстремистите, истовремено заштитувајќи се од нападите на другите етнички и религиозни групи.
For anyone confused about what we, as Muslims, believe. Remember, terrorism is #NotInMyName. pic.twitter.com/rJ1Zn57RVe
— Noor Al-Khaled (@a_view_so_cruel) November 14, 2015
Getting over having to say #NotInMyName over and over again. FACT: these guys are a bunch of loons with a distorted perception of Islam.
— Tahmina Ansari (@TahminaAnsari) November 15, 2015
“Everywhere, everywhere, everywhere.” We must refuse hate and make our world whole again. #lovewins #NotInMyName pic.twitter.com/ILfmSstih5
— Audette (@AudetteExel) November 15, 2015
Извор: Huffington Post