Алармантно високи концентрации на штетните ПМ 10 честички се регистрирани утрово во Скопје, Битола, Кичево, Тетово, Кавадраци и Велес. Концентрациите во утринските часови се движеа од 65 до 250 микрограми на метар кубен, а највисоката концентрација во последните 24 часа од 915 микрограми е измерена во Тетово.
Моментално најзагадени општини во Скопје се Центар со 223 микрограми на метар кубен и Лисиче со 168. Зад нив се Гази Баба со 119 и Карпош со 120 микрограми на метар кубен. Во Велес пак, се регистрирани 90 микрограми на метар кубен, во Миладиновци 74, во Кавадарци 118, кај Ректоратот 125, а едната мерна станица во Битола покажува 153 микрограми.
Во текот на ноќта максималните концентрации, според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање се измерени во Кичево, 246 во Велес, 284 во Карпош, 289 во Кавадарци, 332 во Гази Баба, 514 во Лисиче и 915 во Тетово.
Во Тетово мерната станица во последните 24 часа најниската коцентрација ја регистрирала во 10 часот кога биле измерени 161,65 микрограми на метар кубен.
Загадувањето директно може да се следи на сајтот на Радио МОФ, преку апликацијата „Мој воздух“.