[Фото] Нов протестен собир против загадениот воздух во Аеродром

Дождот не ги спречи граѓаните и оваа недела да се соберат пред Општина Аеродром, со барање да се преземат мерки против загадувањето на воздухот.

Со чадори во рацете и маски на лицата, тие трета недела по ред се собираат во 11 часот пред општинската зграда, револтирани од неагилноста на институциите и загадувањето на воздухот, кое е помеѓу најголемите токму во нивната општина. Воздухот е особено загаден во Ново Лисиче, каде граѓаните велат дека не можат да отворат прозорец ниту во зима, но ни лете, бидејќи и тогаш не е помалку загадено.

Како што изјави Игор Новески од иницијативата „СТОП за смрдеата во Аеродром и Лисиче“, тие побарале средба со надлежните во општината, но таа сé уште се нема одржано. Собирот пред општината, додаде тој, е уште еден начин да ги потсетат надлежните дека треба го слушнат гласот на граѓаните.

Од иницијативата најавуваат дека протестните собири ќе продолжат, но не прецизираат дали ќе се одржуваат секоја недела во 11 часот, како што беше претходно најавено.

12270199_10206756620946793_1465301251_n

12286082_10206756623986869_1199362259_n