Се бараат волонтери за попис на дрвјата во Дебар Маало

Граѓанското здужение „Плоштад Слобода“ најавува дека овој викендов ќе ги попишува дрвјата кои што се наоѓаат на спорните парцели од предложениот ДУП за Дебар Маало.

За таа цел тие ги покануваат сите засегнати од населбата, како и останатите волонтери да помогнат во реализација на намерата. Во четврток ќе се одржи едночасовна обука за волонтерите кои можат да се пријавуваат ОВДЕ. 

„Пописот на дрвја е како попис на население – функционира волонтерски, не е потребно специфично знаење и подразбира теренска работа. Мапите се подготвени, метрата исто, останува да се пријавите и да броиме!“

 

*текстот е коригиран по барање на дел од организаторите