Gordon Briggs и Matthias Scheutz од Универзитетот Туфтс во Бостон се обидуваат да создадат механизми со кои роботите ќе можат да одбијат наредби од луѓето ако имаат добра причина. Тоа значи дека ако човек им нареди да направат нешто што не го разбираат целосно, не мора да ја извршат наредбата.
Сепак, овие механизми мора да ги почитуваат основните три закони во роботиката, а тоа се:
– Роботот не смее да повреди човек, ниту преку одредена акција да учествува во негово повредување.
– Роботот мора да ги слуша наредбите што доаѓаат од луѓето, се додека тие наредби не се спротивни на првиот закон.
-Роботот мора да го штити своето постоење се додека таа заштита не е во конфликт со првиот и вториот закон.
Во продолжение, погледнете како изгледа тоа во пракса: