Утревечер на Академска сцена ќе се одржи реприза на испитот по предметот Актерска игра 2, во која се опфатени етиди на одредена тема и импровизации под насловот „Имитација кон лик“.
Испитот се содржи од два дела: „gibberish“, односно измислен јазик на тема „Академија за тероризам“, и „Од имитација кон лик“, односно имитациите кои се работеле во прв семестар, сега се ликови во одредени ситуации.
Ова е прва реприза на испитот, кој инаку се спроведува во втор семестар на студиите по Актерска игра во класата на проф. Зоја Бузалковска.