Невладината организација „КХАМ“ од Делчево распишува награден конкурс за најдобар стрип на тема „Менување на негативните наративи за Ромите во здравствените институции“.
Целта е промовирање на позитивни модели од здравствените работници за позитивен пристап кон ромската заедница и промена на генералната слика во насока на подобрување на здравствениот статус на Ромите во Источен (Брегалнички) регион.
Задача на учесниците е да изработат стрип во кој ќе го покажат своето видување за проблемот за:
-недостаток на ефективен механизам за евидентирање на прекршувањата на правата од здравствена заштита и здравствено осигурување на Ромите, како и постапување по нив
-скриена дискриминација врз основа на субјективна перцепција кај одредени здравствени работници
-постоење на стереотипи и отсуството на сензибилност кај здравствените работници кој е дополнителен проблем за Ромите.
Стрипот е потребно да се изработи во вид на цртеж на традиционален начин и пренесена во електронска форма. Должината на стрипот да биде од една до пет табли, и тоа на А4 формат, (мин.300дпи, ако се испраќа по електронски пат). Доколку стрипот е на една страна треба да биде со најмалку четири сликички.
Стрип креацијата треба задолжително да содржи порака преку која ќе се афирмираат и поттикнат позитивните наративи кои би требало да ги практикуваат здравствените работници. Трите најдобри и најкреативните решенија одбрани од страна на Комисијата формирана од невладината „КХАМ“ ќе бидат наградени со:
-прва награда -300 УСД
-втора награда -200 УСД и
-трета награда – 100 УСД во денарска противредност на денот на прогласувањето на наградените.
Право на учество на конкурсот имаат сите заинтересирани граѓани како и правни лица.
Рок на доставување на материјалите е до 20.12.2015 год. на адреса:
НВО КХАМ Делчево, ул.„Маршал Тито“ бр. 69 Делчево, mail:nvokhamdelcevo@gmail.com или преку
facebook страницата на KHAM
тел:033/413-695
моб:071/215-357
Пријавата треба да содржи:
Име и презиме(за граѓани) или
Име на фирма (за правно лице)
Адреса
Контакт
Авторски производ
Напомена: Стриповите на наградените учесници на конкурсот, нема да бидат вратени. Со самото испраќање, организаторот се стекнува со право да го објавува и презентира стрипот заедно со авторите во склоп на промоција на своите активности.
Конкурсот е дел од проектот „Менување на негативите наративи за Ромите во здравствените институции“ финансиски поддржан од Фондација Отворено Општество (ФООМ), а имплеменитаран од НВО „КХАМ“ Делчево.