Жителите на Општина Аеродром и денеска се собраа пред општинската зграда од каде бараат властите да преземат конкретни мерки против загадувањето на воздухот. Иако граѓаните побарале средба со надлежните во општината, тие досега не добиле одговор.
„Не се откажуваме, ќе продолжиме да се собираме, без разлика колку сме“, велат за Радио МОФ од иницијативата „СТОП за смрдеата во Аеродром и Лисиче“.
Од иницијативата сметаат дека ветрот што денеска го зафати Скопје не е решение за проблемот со загадувањето на воздухот.
Загадувањето особено се забележува во Ново Лисиче, каде граѓаните велат дека не можат да отворат прозорец ниту во зима, но ни лете, бидејќи и тогаш е загадено.