Аерозагадувањето во црвена зона – синоќа најопасно во Битола

Македонски граѓани синоќа дишеа воздух кој беше десетпати позагаден од максимално дозволеното количество на ПМ1о честички. Рекордот синоќа го држеше Битола со аерозагадување од 919 микрограми ПМ10 честички на метар кубен или 18 пати над максимално дозволеното.

Во Тетово околу 19 часот беа измерени концентрации од 834 микрограми ПМ10 на метар кубен или 16 пати над дозволеното, додека утрово загадувањето е „само“ десетпати поголемо од дозволените концентрации.

Tetovo

Во Скопје пак вообичаено, најголемо загадување синоќа измери мерната станица во Лисиче, од 566 микрограми ПМ10 на метар кубен. И утрово концентрациите на прашина во скопските општини се во црвената зона,односно аерозагадувањето е неколкупати повисоко од дозволеното.

Кога воздухот е екстремно загаден со прашина односно со ПМ10 честички, на граѓаните им се препорачува да не проветруваат, како и да не излегуваат надвор без посебна потреба.