„Исчезнат свет“ на Борислав Станков од Бугарија, ја доби наградата за најдобар филм на „Мобил Фестивал 2015“, кој се одржа од 20 до 26 ноември во Скопје. Филмот е спој на четири приказни за свет полн со стари занаети, животни и стари верувања. Преку четирите раскажувачи филмот зборува за стар заборавен свет, снимен во две бугарски села. Филмот е направен со iPhone 5s.