Во втората емисија од циклусот дискусии околу загадувањето на воздухот на Радио МОФ, тема е состојбата во Тетово – град кој редовно е меѓу најзагадените во Македонија. Гостуваат граѓанскиот активист Дамир Незири и биологот и еколог Кирил Пржо. Во емисијата се покренува и прашањето на важноста на прецизните мерења и податоци врз кои се темели перцепцијата на јавноста за загадувањето на воздухот. Погледнете ја видеоснимката од оваа дискусија.
Погледнете ја и првата емисија на Радио МОФ посветена на загадувањето на воздухот, а сите новости поврзани со овој проблем следете ги на нашата посебна страница или на хаштагот #НеСеДише.