Смартфоните веќе можат да го вчитуваат пулсот, нивоата на стрес и навиките за вежбање, но пристапната технологија сега е на работ да започне нова еволуција во здравствената грижа за дијабетичарите.
Google произведува рачен часовник кој ќе ги замени иглите и класичните тестови за проверка на шеќер во крвта кои се користат во болниците.
За да го пуштат производот во продажба што порано, од Google поднеле барање за права на патент за уредот кој ќе им помага на пациентите болни од дијабетес.
Патентот, кој беше објавен неодамна и сé уште не е одобрен, опишува дека системот функционира преку пуштање на микро партикула која ја прободува кожата. Кога крвта ќе се ослободи, влегува во празнина каде има негативен притисок.
„Ваквата техника може да се користи за повлекување на многу мала количина крв, како на пример за тест за глукоза“, објаснува Google во апликацијата.
Портпарол од Google за The Verge рекол дека „компанијата е сопственик на многу патенти и идеи, од кои некои се остваруваат, а некои не“. Засега немаат потврдено дали производот ќе се најде во продажба.