Од фотографија од птичја перспектива од статуата на Исус Христос во Рио де Жанеиро, до панорама од остров во Француска Полинезија, најдобрите фотографии направени со дрон во 2015 година се зачудувачки убави.
Употребата на дронови за уметнички фотографии е сé почеста, а многу од фотографите се приклучуваат на социјалните мрежи за да ги споделат своите најдобри резултати.
Dronestagram ги одбра 12-те најдобри фотографии од илјадници објавени на оваа веб страница во изминатата година, меѓу кои и две кои биле дел од National Geographic Drone Photo Contest и Small Drones Big Chances натпреварите.
Најочигледната придобивка од дроновите е што можат да летаат на висини над човековите физички граници, и им овозможуваат на фотографите да го „уловат“ светот од нова перспектива.
Ова се најдобрите фотографии на Dronestagram, гласани од корисниците, за 2015 година.
Амалфи, Италија, Dronarium
Тургојак, Миас, Русија, Максим Тарасов
Над маглата, Маринга, Бразил, Рикардо Матиело
Резерватот Џивеи, Шандонг, Кина, AmbroseLune
Изгубениот остров, Тахаа, Француска Полинезија, Marama Photo Video
Човек скока од карпа во Мазатлан, Мексико, wOOtsor
Црква, Паракату, Бразил, Александре Салем
Осеката го претворила Мон Сен Мишел во остров, Wanaiifilms
Jaguares фудбалски клуб, Мексико, Jelipegomez
Статуата на Исус Христос во Рио, Бразил, Александре Салем
Ал Мармун трка на камили, Дубаи, Соединетите Арапски Емирати од Shoyab
Свадба во Абури, Гана, Aeroshutter
Извор: Independent