Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга го распишуваат шестиот конкурс за наградите „Крсте Чачански“ за необјавена збирка на кратки раскази и „Јован Котески“ за необјавена поетска збирка.
Според конкурсните услови, расказите или песните не треба да се претходно објавувани, секој расказ да не биде подолг од 100 реда и да има наративна форма. Поетската збирка треба да содржи најмногу 50 песни, а секоја песна да не биде подолга од 30 стихови.
Ракописите во четири примероци напишани во фонтот Tiimes New Roman или Ariel, треба да се испраќаат на адреса: „Бранувања“, ул. „Нико Нестор“ 22, 96330 Струга, со назнака Конкурс за наградата „Крсте Чачански“ односно „Јован Котески“, најдоцна до 20 април 2016 година, или по електронски пат на: raskazchachanski@hotmail.com и zbirkakoteski@hotmail.com.
Две тричлени жирија составени од компетентни македонски писатели ќе го извршат изборот на наградените книги што ќе бидат објавени и промовирани на денот на доделувањето на наградите на фестивалот „Струшки книжевни средби“, во почетокот на јули 2016 во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
Досегашни добитници на наградите „Крсте Чачански“, односно „Јован „Јован Котески“ се: Христо Петрески, Трајче Кацаров, Милован Стефаноски, Санде Стојчески, Петре Димоски, Витомир Долински, Марина Мијаковска, Добре Тодоровски и Славчо Ковилоски.