Дека креативноста нема граници докажаа 110 пријавени дела на овогодинешниот награден конкурс Trash for art 2015, од кои 9 најдобри ги добија највредните награди, соопшти „Пакомак“. Еколошки ангажираните уметници и креативци ја раскажуваа својата приказна креирајќи со отпад од амбалажа и творејќи во целосна слобода, препуштајќи и се на фантазијата во создавањето на уметничко дело од она во што повеќето гледаат само отпад.
Наградите беа доделени во три категории и тоа поединци, училишта и градинки. Погледнете ги наградените дела во галеријата што следува:
Категорија поединци и други институции:
1 место – ЗМЕЈ на Дарко Базерко
2 место ОРЕЛ на Стојан Тасевски
3 место ГЛАВА на Бојана Кокиновска
Категорија основни училишта:
1 место ВЕСЕЛАТА ДРУЖИНА, ОУ „Браќа Миладиновци“- Скопје
2 место ЖИВОТНИ на ОУ „Св. Климент Охридски“- Битола
3 место ВОЗ на ОУ „Блаже Конески“- Скопје
Категорија градинки:
1 место ПРИНЦОТ ЖАБА на ЈОУДГ „Борис Трајковски“- Демир Капија
2 место ПИНГВИНИ на приватна градинка „Green House“ – Скопје
3 место 4 ГОДИШНИ ВРЕМИЊА на ЈУДГ „Детска радост“ Скопје