Излези за воздух! – протест пред Влада во понеделник

Во понеделник (28 декември) во 17 часот е најавен голем протест против загадениот воздух кој ќе се одржи пред Владата на Република Македонија.

Како организатори на протестот се потпишани повеќе здруженија и граѓански иницијативи од Скопје, Тетово и Битола, трите градови со најзагаден воздух во земјава.

#НеСеДише

„Времето не гази, а воздухот и понатаму ни го зема здивот и животот. Немаме време за чекање, болестите и смртта не демнат и нас и нашите блиски и нашите деца! Доста е!

Се здруживме и одлучивме дека ќе кажеме НЕ!

Ве повикуваме сите кои дишете, а не сакате да умрете, да ни се приклучите на протест на 28ми декември (понеделник) во 17:00 часот пред Владата на Република Македонија.

Протестираме против загадувањето на водухот! Протестираме за надлежните да преземат итни мерки со кои ќе се заштити нашето здравје!

Излези за воздух!“, повикуваат организаторите на протестот.