Споменици и бисти на културни дејци и народни херои во Битола добија гас маски, за да се заштитат од енормното загадување на воздухот. Фотографиите од вчерашната герила акција на анонимна група од активисти беа споделени на Фејсбук страницата „Битола – град на културата“ под името „Последните живи луѓе“ и има за цел да алармира за состојбата во којашто се наоѓа градот со воздухот.
Денеска, пак, во 17 часот, пред Владата е најавен масовен протест против аерозагадувањето. Организатори на протестот се повеќе од 20 организации, меѓу кои и битолската „За нас се работи“. Во продолжение, герила акцијата во Битола низ фотографии.