Последната насловна страница на списанието National Geographic, нуди уникатен начин на гледање на американските национални паркови: цел еден ден во иста слика. Низ објективот на познатиот фотограф Стефан Вилкс, кој на овој начин фотографира знаменитост во светот, секоја фотографија е приказ на истиот прекрасен поглед, но во различни часови на денот.
Вилкс својот стил го опишува како „компресирање на најдобрите делови на денот и ноќта во една фотографија.”