Компанијата за менаџирање на лозинки SplashData ја објави годишната листа на најпопуларни лозинки за изминатата година.
SplashData анализирале околу две милиони лозинки кои биле пробиени минатата година, со цел да ги најдат најчесто пробиваните и најмалу безбедни лозинки, пренесува Business Insider.
Повеќето од лозинките на листата на SplashData доаѓаат од корисници од западна Европа и Северна Америка.
Први на листата, очекувано, се „123456“ и „password“, но фрази како „monkey“, „dragon“ и „princess“ исто така се нашле во првите 25 најнебезбедни лозинки.
SplashData предлагаат користење на лозинки кои имаат осум или повеќе карактери, со различни видови на симболи (букви, бројки и симболи) и користење на различни комбинации од кориснички имиња и лозинки за различни веб страници.
Ова е целосната листа на небезбедни лозинки на SplashData:
- 123456
- password
- 12345678
- qwerty
- 12345
- 123456789
- football
- 1234
- 1234567
- baseball
- welcome
- 1234567890
- abcd123
- 111111
- 1qaz2wsx
- dragon
- master
- monkey
- letmein
- login
- princess
- qwertyuiop
- solo
- passw0rd
- starwars