Националниот совет за родова рамноправност (НСРР), отвори национална СОС бесплатна мобилна линија за жени жртви на семејно насилство на броевите 070 141 700; 075 141 700 и 077 141 700. СОС линијата ја сочинуваат три бесплатни линии за жртви од семејно насилство од цела територија на државата и функционира 24 часа/ 365 дена во годината.
СОС линијата е стандардизиран сервис кој на жртвите им овозможува помош во состојба кога насилството е акутно, поддршка за справување, надминување и излегување од состојбата жртва, придружување и поврзување со институциите надлежни за решавање на проблемот со семејното насилство (центри за социјални работи, полиција, задравствени установи и др.)
Од Националниот совет за родова рамноправност информираат дека нивната организацијата располага со долгогодишно искуство во директна работа со жртвите, екипирани и искусни тимови на операторки, обезбедено бесплатно јавување на оние кои имаат потреба од помош, а кои се во интерес на жените жртви и надминување на проблемот со семејното насилство.