Бендот Vampire Weekend одржа концерт за поддршка на Берни Сандерс, но своите симпатии кон кандидатите за претседател на Америка ги изразија и многу други рок музичари, пишува Гардијан. Кој кандидат ги собра големите имиња и дали некој го поддржува Доналд Трамп?
Берни Сандерс
Како најлевиот избор во 2016, Сандерс не е без поддржувачи меѓу рок ѕвездите. Бендот Vampire Weekend одржа концерт за поддршка на Берни Сандерс но и други познати ѕвезди ќе се појават на настанот за собирање на средства наречен „Feel the Bern“ во Лос Анџелес во петок. Концертот ќе го предводат Red Hot Chili Peppers, кои по долг состанок на бендот колективно решиле да го поддржат сенаторот на Вермонт.
„Берни Сандерс е единствениот разумен избор меѓу кандидатите за претседател на САД“, твитна Flea во Август.
Сандерс исто така го поддржаа и раперите Killer Mike и Lil B, но и други ѕвезди како Lou Barlow, Jello Biafra, Belinda Carlisle, Jon Fishman, Billy, Chris Shiflett од Foo Fighters итн.
Хилари Клинтон
Да беше САД РОКократија, досега Хилари Клинтон веројатно ќе победеше, коментира Гардијан. Клинтон ја собра поддршката на дел од најпознатите имиња на рок /поп сцената како Beyoncé, Pharrell Williams, Katie Perry, Christina Aguilera, Kanye West, Burt Bacharach, Tony Bennett, Jon Bon Jovi, Mariah Carey, Cher, Kelly Clarkson, Ellie Goulding, Ice-T, Ja Rule, Elton John, Quincy Jones, Lady Gaga, Jennifer Lopez, Ricky Martin, Janelle Monae, Morrissey, Snoop Dogg, 50 Cent, Sting, Barbra Streisand, James Taylor, Usher, will.i.am и Stevie Wonder.
Но проблемот со имање вакви познати фанови е што обично медиумите ги прашуваат често пати за мислење за се и сешто, а нивните мислења се често чудни. На пример, 50 Cent изјави во една прилика дека и се восхитувал на Хилари, затоа што го толерирала неверството на Бил Клинтон.
Или на пример еве како Pharrell ја објасни својата поддршка за Хилари:
„Каде и да одиш во оваа земја имаш црвено и сино. Ги имаш демократите, ги имаш републиканците…Знаеш што уште е црвено и сино? Крвта. Крвта е сина во нашето тело додека воздухот не ја погоди, и после станува црвена. Тоа значи дека има единство“, изјавил тој.
Доналд Трамп
Поради некоја причина Трамп не доби многу поддршка од музичари. Меѓу неколкуте кои го поддржаа се музичката кантри легенда Loretta, потоа Ted Nugent и Wayne Newton. Збунувачки, тој доби поддршка и од Azealia Banks, која објасни дека „само затоа што Хилари и Берни Сандерс кажуваат убави работи за малцинствата, не значи дека навистина ги мислат“.
Трамп всушност повеќе собира анти-поддршка од музичкиот свет. На пример Адел изјави дека му забранува на Трамп да ги пушта нејзините песни на неговите собири. Трамп исто така доби писмо од адвокатите на Стив Тајлер со жалба дека се користела негова песна на еден од собирите за поддршка на Трамп, со што се добива лажен впечаток дека музичарот го поддржува. Michael Stipe од REM беше најдиректен откако одби да му даде дозвола на Трамп за неговата музика со зборовите „Одете е***е се, сите вие тажни, жедни за внимание, гладни за моќ мали човечиња. Немој да ја користите нашата музика или мојот глас за вашата моронска шарада од кампања”.
Марко Рубио
Rand Paul ја има поддршката на Jonathan Davis и Phil Labonte од Korn, додека Ben Carson го има Kid Rock. Џеб Буш го има кантри пејачот Toby Keith. Но се чини дека ниеден познат музичар не го поддржа Рубио, кој можеби има најголеми шанси да го победи Трамп за номинацијата.
Извор: Гардијан