Ieva Ozola е графичка дизајнерка/илустраторка од Латвија, која моментално живее во Прага. Во јули 2015 започнала едногодишен проект – секој ден црта одреден објект или локација која ги посетила. Цртежот го прави на самото место и го објавува на Instagram, како фотографија на која самото дело е инкорпорирано во реалниот пејзаж.
Цртеж прави секој ден, а обично користи мала тетратка за скицирање, пенкала и водени боици.
Извор: Bored Panda