Проекција на краткиот документарен филм „Лица“ на младиот Ханис Багашов

Во петок, 12 февруари, во просториите на тетовскиот Центар за балканска соработка „Лоја“ ќе се прикажува новиот краток документарен филм „Лица“, на средношколецот Ханис Багашов.

Документарецот во 18 минути раскажува приказна за животот на различни лица од исто место и време – село Црник, источна Македонија.

Музиката во краткиот филм е на Златко Ориѓански. Проекцијата е закажана за 19:30 часот.