Почина Maurice White, основачот на групата Earth, Wind & Fire

Уште една музичка легенда си замина годинава – коосновачот на соул, фанк и диско бендот Earth, Wind & Fire, Maurice White, почина на 74-годишна возраст, по борбата со Паркинсоновата болест.

Иако бендот продолжи да настапува изминатите години, White се повлече од настапите во живо поради болеста. Тој и неговиот брат Verdine White се основачи на колективот од девет членови, кој продаде 90 милиони албуми и објави безвременски класици како „Let’s Groove“ и „Boogie Wonderland“.

„Мојот брат, јунакот и мој најдобар пријател Maurice почина синоќа мирно, во сон. Светот изгуби уште еден голем музичар и легенда, а нашето семејство бара да се почитува нашата приватност додека поминуваме низ овој тежок период“, рече неговиот брат Verdine во изјава објавена на Фејсбук-страницата на бендот.