Албанскиот Парламент усвои десетгодишен мораториум врз сечата на дрвја за индустријата или извозот. Законот им дозволува на локалните власти да одобруваат само ограничена сеча на дрва за огрев. Според стручњаците кои ги следат состојбите, од вкупно 1.4 милиони хектари под шуми во Албанија, во последните 26 години биле исечени или изгорени околу милион хектари, или речиси две третини. Во просек секоја година беа исечени 2.5 милиони дрвја.
Министерот за животна средина Лефтер Кока изјави дека до екстремното решение за мораториумот дошло откако последните мерки не успеале да ја спречат загубата на шумите, што е една од главните причини за поплави во земјата во изминатите години.
„Уништувањето на шумите, коритата на реките, разирувањето на заштитната инфраструктура, закрчувањето на каналите за одвод…. сево ова во изминатите години не донесе до амбис, кој две години се обидувавме да го спречиме. но, денеска, по тие две години, принудени сме да направиме еден чекор понатаму, со усвојувањето на овој мораториум од десет години“, вели албанскиот премиер Еди Рама.