Во Чифте амам во Скопје денеска се отвора 16-та меѓународна ликовна манифестација, Зимскиот салон, кој е организиран од Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ).
Со ова почнува и прославата на 70-годишниот јубилеј на ДЛУМ. Ќе бидат прикажани 45 дела од домашни творци и селекција од гости-автори од повеќе европски земји.
Куратор на Салонот е Хелена Фенцлова од Република Чешка, која, инспирирана од географските карактеристики на Македонија, како и од разноликоста на индивидуалните интелектуални дејствија, како тема за изложбата ја одбра „Нивоа на нашата свест“.
Зимскиот салон, основан во 1991 година, е единствена манифестација од овој вид во Македонија.