НАСА објави ново видео во каде Марс, црвената планета и нејзините песочни дини може да се истражуваат со поглед од 360 степени. Снимката е направена околу роверот Curiosity, кој стои до песочната дина Nаmib, се вели во соопштението на НАСА.
Фотографиите користени за да се создаде ова видео се направени на 18 декември, а ова е првпат песочните дини на Марс да се изучуваат од непосредна близина.