Младински образовен форум во рамки на програмата Младински активизам објавува повик за учесници на тренинг за изведбена уметност. Преку запознавање со техниките и елементите на театарот и неговата колективна дејност, основната цел на овој тренинг е да ги поттикне учесниците да размислуваат зачовековите права и да научат повеќе за современите предизвици на општеството, социјалните проблеми на маргинализираните заедници, за дискриминацијата врз бегалците.
Во текот на работниот процес, учесниците ќе бидат повикани и мотивирани да споделуваат идеи, да работат индивидуално и во групи и конечно, заедно да создадат претстава.Темите кои ќе бидат опфатени со обуката и претставата ќе бидат миграција и тековната бегалска криза.
Работилницата ќе се одржи од 3 до 7 март, 2016 година. Кандидатите што сакаат да учествуваат во неа треба да ги исполнат следниве критериуми:
– Да бидат на возраст од 16 до 20 години;
– Да имаат интерес да научат како се создава театарска претстава и да учествуваат во неа;
– Да бидат вклучени активни и заинтересирани за унапредување на општеството;
– Да може да учествуваат на сите денови на тренингот;
– Да може да учествуваат на пробите и изведбата на претставата кои ќе се одржат по тренингот.
Бројот на учесници е ограничен, a учеството е бесплатно. Обуката ќе се одвива на македонски со искусни тренери во полето на човековите права, театарот и избедбените уметности.
По завршување на петдневниот тренинг, учесниците ќе бидат треба да земат учество во подготовките/пробите пред изведбата на претставата и на изведбата на претставата. Изведбата на претставата ќе се случи на 26ти мај.
Сите заинтересирани треба да аплицираат најдоцна до 19-ти февруари 2016 со испраќање целосно пополнет формулар на следниот линк. За повеќе информации обратете се на petar_antevski@mof.org.mkили контактирајте ја организацијата на : 02/3139 692. Потврда за учество ќе им биде испратена на одбраните учесници по истекот на рокот за пријавување непосредно пред почетокот на тренингот.
Активноста е организирана од МОФ во рамки на проектот: „Во чевлите на бегалците: Младинска солидарност преку МедиаАрт“.