Клубот на оратори во Скопје организира работилници за јавно говорење и реторички вештини кои ќе се одржат на Правниот факултет, од 20 до 27 февруари 2016 година.
На 20 февруари, од 11 часот ќе се одржи првата работилница тема „Вербална комуникација, дикција и правилен изговор “ со предавачите Татјана Стојановска – ТВ лице, Стефанија Темелковска –професорка по англиски и германски јазик и магистранд по Комуниколошки науки и Ана Ризовска – член на Клубот на оратори.
Од 13 часот, пак, ќе се одвива работилницата на тема „ Правни аспекти и заштита во областа на јавното говорење “ на која ќе зборуваат Васка Бојаџи – Студенски правобранител и
Нена Николовска – дипломиран правник и член на Клубот на оратори.
На 27-ми од 11 часот ќе се одржи работилницата за „Невербална комуникација и фактор трема ,“ на која предавачи ќе бидат актерот Оливер Митковски и Борјан Топуковски ,член на Клубот на оратори .
Истиот ден, но со почеток од 13 часот ќе биде предавањето на тема „Костур, содржина и пишување на говор“ со новинарот Никола Здравковиќ и Марко Кртолица – соработник и докторанд на Правниот факултет „Јустинијан Први“.
Обуката е отворена за сите заинтересирани, а пријавувањето ќе се врши во просториите на Клубот на оратори, половина час пред почетокот на секоја работилница.