Поп-ѕвездата Ed Sheeran, раперот Kendrick Lamar и „Uptown Funk“ – хитот што ја одбележа минатата година, се главни победници на 58-то издание на наградите „Греми“, кои беа доделени вчера во салата „Staples Center“ во Лос Анџелес.
Sheeran ја доби наградата за песна на годината, за „Thinking Out Loud“, додека „Uptown Funk“ е прогласена за издание на годината. Најдобар албум е „1989“ на Taylor Swift. Kendrick Lamar доби најграда за најдобра рап песна („Alright“) и за најдобар рап албум („To Pimp a Butterfly“).
Со две награди „Греми“ се закити бендот Alabama Shakes – за најдобра рок изведба (на песната „Don’t Wanna Fight“) и за најдобар алтернативен албум („Sound & Color“).
За најдобар музички документарен филм е избран „Amy“, посветен на животот на Amy Winehouse, додека за најдобра музика за филм, „Греми“ доби саундтракот на филмот „Birdman“.
Погледнете ја комплетната листа на добитници на награди „Греми“ годинава.