Млад делфин умре на плажата во одморалиштете Санта Терезита во Аргентина, бидејќи капачите го изнесле од морето за да се сликаат со него. Голем број луѓе се собраа околу малото животно на плажата, откако еден човек го извадил од водата. Животното брзо се прегреало и умрело надвор од водата, објавија светските медиуми.
Делфинот потекнува од Ла Плата, познат е и под името Францискана (Franciscana), и го има во близина на брегот на Аргентина, Уругвај и Бразил. Тој се смета за “ранлив” вид, бидејќи има само околу 30.000 единки во светот.
Фондацијата за дивиот свет во Аргентина подоцна преку соопштение ја предупреди јавноста за екстремната чувствителност на овое цицачи, надевајќи се дека ќе се спречи друг ваков настан.
“Францисканата, како и другите видови, не може да живее многу време надвор од водата, има дебела, масна кожа што му дава топлина, но тоа значи дека изнесувањето на водата брзо предизвикува дехидрирање и смрт“, се вели во соопштението.
Од Фондацијата велат дека овој настан е повод за информирање на јавноста дека овие делфини мора веднаш да се вратат во морето доколку се најдат на брегот.
„Важно е луѓето да помогнат за да се спасат овие животни, бидејќи секој Францискана сега се брои.“