Јануари 2016 година е најтоплиот месец откако се мерат температурите на глобално ниво, со просечни 13 целзиусови степени, што е за еден степен повисоко од просекот во 20-от век, соопшти американската Национална администрација за океани и атмосфера.
Ова е деветти месец по ред што ги соборува рекордите, a тоа не е изненадување за научниците, кои предупредуваа дека метеоролошкиот феномен Ел Нињо, чија најсилна забележана варијанта се случува во моментов, ќе предизвика раст во глобалното затоплување. 2015 година беше најтоплата во модерната историја, а предвидувањата се дека овој тренд ќе продолжи и годинава.