Култниот кафе бар „Пабло“, првиот скопски бар за љубителите на електронската музика денеска слави 20 години.
Барот е препознатлив како едно од најважните места за електронската сцена во Скопје, каде настапиле голем број диџеи од Македонија и странство.
Забавата за роденденот ќе започне во Пабло од 14:00 часот, додека вечерва после полноќ ќе продолжи во клубот „Сектор“.
Ќе може да се слушнат Илина, Нино Наумов, Оги, Боле, Самоил Радински, Никола Ризов, Зоки Бејбе, Гиза, Томи Бојаџи и многу други.