Без разлика дали е во улога на претседател или добил награди за позајмување на својот глас во филм за пингвини, нема сомневање дека Морган Фриман има еден од најпрепознатливите и најдобрите гласови на сите времиња. Отсега, возачите кои ја користат бесплатната апликација за навигација Waze, ќе добиваат инструкции со неговиот глас. Toj го позајми својот глас за GPS апликацијата на Google како дел од промоцијата на новото продолженија на акцијата „London Has Fallen“, во кој Фримен глуми американски потпретседател кој возачот (гледачот) го води низ Лос Ангелес.
Во апликацијата, Фриман им се обраќа на возачите со зборовите:
„Дојде време, претседателе. Светот ги очекува вашите наредби“.
Кога возачите ќе пристигнат до целта, Фриман вели:
„Пристигнавте. Ми беше чест и должност да ве водам низ оваа мисија“.