„Доколку давањето шанса за промоција на млад автор се смета за доблест, давање шанса на екстермно талентиран пензионер со врвно хоби претставува огромна чест и задоволство!“
Со оие зборови Јавна соба ја најавуваат изложбата на Карло Педрони, кој се смета за македонски ветеран во областа на „куилинг“ техниката (позната како филигран од хартија) и за автор кој заслужува внимание од пошироката македонската јавност.
Изложбата ќе биде отворена на 27 и 28 февруари, а влезот во Јавна соба е бесплатен за сите посетители.
Куилинг (Quilling) е техника која поразбира изработка на предмети и слики преку мотање на ленти од хартија и формирање на фигури кои може да се групираат во една целина или самостојно да се презентираат. Педрони е вистински виртуоз во оваа техника, талентиран, вешт и продуктивен визионер, кој се уште активно твори и ги промовира своите дела преку самостојни и групни изложби.
На изложбата, која има продажен карактер ќе бидат прикажани 45 слики изработени во оваа техника.
Карло Педрони, роден 1946 во Скопје, по професија геодетски инжињер и информатичар. Откако заминал во пензија, преку своето хоби, стекнал и нова професија.