Психе- What is love?

“Baby don’t hurt me.”

Поминаа одморите и се ближи нашата нова емисија, прва во оваа 2016-та година, а за што поубаво би можеле да зборуваме во истата отколку за љубовта..

Сите сме (биле) или ќе бидеме некогаш заљубени, ќе ги чувствуваме пеперутките во стомакот и треперењето на гласот, ќе ги анализираме речениците и погледите на оние во кои сме заљубени со саати и ќе си ги “сталкаме” симпатиите низ социјалните мрежи.

А љубовта доаѓа во сите форми, на сите возрасти, во различни околности.. има љубов на прв поглед, љубов на далечина, платонска љубов, страствена, пријателска, кратка, долга, тажна, невозвратена, безусловна љубов…

Оваа појава во меѓусебните односи меѓу луѓето за која со векови зборуваат филозофите, поетите, уметниците, а која тешко ја објаснува било која наука, ние во нашата шеста емисија ќе се обидеме што повеќе да ви ја доближиме преку анализа на неколку психолошки теории и научни истражувања за љубовта и врските.

Дознајте што се случува во вашето тело кога сте заљубени, што всушност значи да бидеш заљубен, зошто се заљубуваме, во кој се заљубуваме и кои фактори влијаат на нашиот избор на партнер, како и многу практични, научно докажани совети поврзани со љубовта.

Дополнително, имаме неколку новости и промени во составот, па бидете со нас и оваа емисија да ги слушнете истите!

Soundtrack:
2.What Is Love? by Haddaway
4.Afterglow by Wilkinson
6.Never Forget You by Noisettes
8.You’ve Got The Love by Florence + The Machine
10.I Follow Rivers (The Magician remix) by Lykke Li