Командантот на НАСА, Скот Кели, се врати од неговата 340-дневна мисија на Интернационалната вселенска станица на 2 март. На мисијата со рекордно времетраење со него беше Русинот Михаил Корниенко.
Во текот на изминатата година, освен што спроведуваше значајни научни експерименти и беше командант на ИВС, Кели редовно објавуваше фотографии на неговиот Твитер профил, споделувајќи со јавноста како изгледа животот во вселената.
Ова се некои од неговите најдобри фотографии.
Националниот парк Тасили Н’Ајер во Алжир, февруари 2015
Карипскиот архипелаг, Бахамски острови, јули 2015
Цинија, првиот цвет кој процвета во вселената, јануари 2016
Вади ал Џадид, Египет, декември 2015
Самрак над Индискиот Океан. Жолтата „покривка“ е сончевата светлина која се рефлектира во атмосферата, октомври 2015
Ураганот Патриша, вториот најинтензивен тропски циклон на сите времиња, кој предизвика шест смртни случаи. Кели го фотографирал ураганот над Мексико, октомври 2015
На оваа неверојатна фотографија е прикажана поларната светлина, aurora borealis, август 2015
Нашиот дом во космосот, Земјата и Млечниот пат, се видливи на оваа фотографија направена во август 2015
Алпите и целата „италијанска чизма“ видливи преку облаците, јануари 2016
Фотографија од соленото езеро Ла’анга Ко во Тубет. Неговото име значи „езеро на демонот“, бидејќи во него нема риби и растенија. Кели ја „твитна“ оваа фотографија во јануари.
Извор: IFL Science