Во знак на одбележување на Светскиот ден на книгата, аргентинскиот уметник Раул Лемесоф создаде еден од неговите познати тенкови со книги.
Основата за возилото било автомобил Форд Фалкон, од 1979 година, од кј изградил мобилна библиотека на тркала која може да носи 900 бесплатни книги. Лемесоф ги нарекува своите „воени“ библиотеки „оружје за масовна инструкција“ и ги вози низ улиците на Аргентина давајќи бесплатни книги за секој кој сака, но ако вети дека ќе ја прочита.
Погледнете го видеото во продолжение: