Моќта на жената е насловено превавањето и дискусија кои ќе се одржат на 8 март, во кафе книжарницата Децата од нашата улица.
„Дали сте размислувале дека без разлика дали луѓето се раѓаат како машко или како женско, секогаш правиме непријател од спротивниот пол? Мажите се обидуваат да ја одземат моќта од жените за потоа да дознаат дека не почитуваат и не ги привлекуваат игнорантни, слаби и потчинети жени. А жените се обидуваат да си ја вратат моќта назад само за да сфатат дека на крајот сепак не ги привлекуваат демаскулизирани, збунети, големи деца.
Моѓта и мудроста на жената е од огромна важност во денешно време! Без разлика дали вие верувате во тоа или не, жените се лидери уште од почетокот на времето. Отсекогаш. А денеска жените се признаваат како такви повеќе од било кога. Во ова ново време кога парадигмите на размислување се менуваат, грижата и поддршката во развојот на женската сила, мудрост и моќ е повеќе од потребна“, се вели во поканата за настанот.
Говорници се Елена Антоновска Едизер, Ивана Станковска и Искра Донева, а за музикате ќе биде задолжен Огнен Јанески. Влезот е слободен со претходна најава, а за време на настанот ќе можете да се купуваат книгите од Искра Донева, со што ќе се донираат пари за нејзиното лекување.